Во ракетирање на џамија 29 загинати во Јемен

Јеменскиот министер за информации, култура и туризам Муамар ал-Ирјани објави во понеделникот на Twitter дека најмалку 29 лица загинале во напад со балистички проектили врз џамија и медреса во градот Мариб.

Меѓу жртвите и ранетити има и жени и деца, а ал-Ирјани за нападот ја обвини бунтовничката милиција Анасар Алах, на шиитската заедница Хусити (Хути). Милицијата не ја презема засега одговорноста за ракетирањето

„Хуситите нападнаа населба во областа Ал Џуба, на југот од провинцијата Мариб, но овојпат со два балистички проектила (…) кои ги погодија (локалната) џамија и верскиот центар ‘Дар ал-Хадис’ (…) загинаа 29 цивили“, објави министерот на Twitter.

Подоцна агенциите објавија дека веројатно ќе биде корегирана оваа бројка, и дека веројатно станува збор за вкупно загинати и повредени.

Во текот на борбите во октомври Хуситите освоија нови територии во привинциите Шабва и Мариб, со што дополнително се компликува започнатиот мировен процес откако пред седум години избувна граѓанската војна во Јемен.