Во Ранковце се инвестираат 30 милиони денари за водоснабдување

Bо Ранковце ја продолжуваме акцијата што ја започна ВМРО-ДПМНЕ, односно да бидеме повторно со народот каде што промените се случуваат. И секогаш вака на терен да ги презентираме сите активности што ги имаат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, но и да разговараме со сите граѓани, рече средата Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

„Денеска тука на терен сме заедно со градоначалникот на општина Ранковце, исто така и координаторот на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, но и со многу граѓани да обележиме неколку значајни проекти во Ранковце. Имавме можност да видиме градоначалникот да наброи повеќе проекти што се случуваат. Денеска сме на изградба на еден локален пат во селото Радибуш каде што со други неколку мали патчиња, односно локални патчиња ги поврзува сите села тука во Ранковце“, рече Мисјаловски.

Го поздрави фактот што една мала општина, како што рече, чијшто градоначалник вложува максимални напори со неговата администрација, ги завршува ветените проекти.

„Слушнавме дека има повеќе проекти, во износ од околу 12-ина милиони денари само во улици, во патишта, во канализација, но и околу 30 милиони денари за еден покрупен проект за водоснабдување. Затоа во ваква сериозна економска криза каде што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ затекнаа празни буџети, затекнаа празни сметки и работат за граѓаните. И тоа сакаме да го одбележиме вака и пред јавноста да кажеме дека нема откажување до последен напор секој од градоначалниците треба да се бори за она што го имаат ветено во програмата. И еве на дело, на лице место може да видиме дека се тампонираат улици, а тоа се разбира и тие ќе бидат асфалтирани“, рече Мисајловски.

Додаде дека заедно со партискиот и колега од парламентот Никола Мицевски ќе се заложат преку ребаланс на Буџетот да се обезбедат дополнителни средства/

„Секогаш кога има ребаланс на буџет бараме за повеќе локални патишта, за повеќе улици, за повеќе градинки итн. Но секогаш ВМРО-ДПМНЕ и другите политички партии во опозиција се одбивани. Но, треба сите заеднички да ги слушнеме барањата на жителите и потоа ние амандмански да пробаме да измениме сето ова што се случува во Македонија, за да има повеќе проекти. На крајот сакам само да се заблагодарам на градоначалникот за убавата можност да се видат вака проекти на лице место. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ , тоа се делата на ВМРО-ДПМНЕ. Продолжуваме со акцијата и се разбира ќе продолжиме по сите места во Македонија“, заклучи Мисајловски.