Во разговори со Владата, очекувам дека нема да дојде до блокада на Собранието, посочи Димитриеска Кочоскас

„Се уште верувам дека премиерот ќе се освести и дека ќе имаме една лидерска средба како што доликува. Денес претседателот Христијан Мицкоски, ќе има состанок со пратениците во Собранието во попладневните часови каде што ќе се разговара околу темата блокада. Но, сепак очекувам дека нема да стигнеме до блокадата, туку дека ќе се дојде до разговор во Владата и дека ќе се најде решение за излез од оваа криза“, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ во „Утрински брифинг“.

Таа додаде дека на Извршниот комитет се донела едногласна одлука за блокада доколку не се оствари лидерска средба.

Димитриеска Кочоска посочи претседателот Мицкоски понудил и четири различни тима во областа на образованието, здравството, надворешната политика и економија, со цел да се помогне во овие услови кога Владата не знае што прави.

„Помош даваме со сериозни стручни луѓе, експерти секој во своја област, докажани“,  укажа Димитриеска Кочоска. Таа појасни дека во ваква состојба во коа што се наоѓа Македонија легитимно е да се бараат предвремени парламентарни избори.