Во Реал (М) сите се опседнати со пехарот во ЛШ

Првиот човек на најтрофејниот клуб во шпанската Примера дивизион, Реал (М), Флорентино Перез, откри дека сите во клубот се опседнати со јубилејната десетта титула во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони и дека истата е приоритет кога се во прашање планираните трофеи во актуелната сезона.

„Сите кои се дел од Реал (М) сакаат нивниот омилен клуб секоја година да освои најмалку еден трофеј. Можеби, ние сме и опседнати со јубилејната десетта титула во Лигата на шампиони, но тоа е така затоа што тој пехар најмногу го посакуваме”, изјави Перез.

Реал (М) во изминатата сезона беше елиминиран од Борсуија од Дортмунд во полуфиналната рунда од Лигата на шампиони, а годинава за противник во 1/8 финалната рунда го добија германскиот бундеслигаш Шалке.