17.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Во регионот вакцинацијата против Ковид-19 е во тек

Во голем дел од државите низ регионот вакцинацијата е веќе започната…Властите во соседна Србија најавија дека ќе добијат и дози руската вакцина…

Дали е подобро повеќе луѓе да примат само една доза на вакцината или помалку луѓе да бидат целосно имунизирани е прашањето кое што отвори дебата помеѓу експертската јавност.

„Податоците од клиничките испитувања направени на вакцината Оксфорд откриле дека три недели по првата доза луѓето имаат 64% заштита од добивање на инфекција, што секако е одлична, но исто така откриле дека никој не бил хоспитализиран по три дози по првата доза на вакцината Оксфорд, така што тоа е заштита од сериозно боледување и хоспитализација и последователна смрт.

Ова е навистина важно биедјќи здравствениот систем во Британија во моментот е под силно оптоварување и може да биде преоптоварено наскоро, затоа треба да ги чуваме луѓето надвор од болниците, а сите досегашни податоци покажуваат дека една доза од вакцината Оксфорд ќе го направи токму тоа.“

Две милиони дози на Оксфордската вакцинaта неделно ќе бидат доставувани во Велика Британија, објавија британските медиуми. Првите две милиони дози треба да стигнат во британските болници веќе следната недела, откако Британија во средата ја одобри вакцината Оксфорд-АстраЗенека против корона вирус, со цел да се запре порастот на заразени лица. Пробните податоци сугерираат дека оксфордската вакцина иако е нешто помалку ефикасна од конкурентската на „Фајзер“, но многу полесно се чува и транспортира. Британија планира да вакцинира милион луѓе неделно од 4 јануари.

„Нашата јасна порака е дека можете да имате доверба за безбедноста и ефикасноста и во квалитетот на вакцината на АстраЗенека“

Светската здравствена организација вчера ја издаде првата итна дозвола за користење на вакцина против ковид-19. Станува збор за вакцината на Фајзер и Бионтек која веќе се користи во Велика Британија, САД, ЕУ и уште неколку други држави. Во Москва пак, 50.000 луѓе беа вакцинирани против коронавирусот до новогодишните празници, а околу 100.000 дневно се пријавуваат за вакцинација, објавуваат руските медиуми. И во Индија, вакцината на АстраЗенека доби зелено светло за масовна имунизација. Индија по САД, има најголем број потврдени случаи на заразени од Ковид-19 во светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.