Во Рим Бочели и „Ју Ту“ го отворија европското фудбалско првенство

Со изведба на култната ирска рок група „Ју Ту“ и со оперскиот пејач Андреја Бочели вечерва, импознатно,  беше означен стартот на Европското првенство во фудбална „Олимпико“ во Рим.

Од денеска фудбалските фанови ќе уживаат во мајсториите на 24-те репрезентации,, меѓу кои и на македонската, кои ќе се борат за европската титула.

Ова е прво првенство кое се игра во услови на пандемија, со лимитиран број навивачи на трибините. Европското првенство иако се игра годинава, го задржа називот ЕВРО 2020, затоа што требаше да се одржи лани.

ЕВРО 2020 стартува вечерва со натпревар на Турција со домаќинот Италија.