Во родното Ѓаково е погребан ракометарот Денис Тот (ВИДЕО)

Заедно со најблиските роднини и пријатели, од ракометарите се простија и голем број жители на Ѓаково, објави хрватсаки Индекс.

„Денис, ти благодарам за се што направи за твоето семејство, твојот град и спортот“, рекол свештеникот, пренесува Радио Ѓаково.

„Тешко е да се каже последно благодарам бидејќи можеше да направиш многу повеќе, но мораме да го прифатиме тоа. Тој нè напушта, но неговиот спомен останува“, рече свештеникот.

На погребот беа присутни и Ненад Бјелица, Миле Петковиќ, Миро Бичаниќ, Владо Ковачевиќ, Стјепан Јукиќ …

Да потсетиме, сè уште има нерешени прашања во овој случај со две верзии на приказната од самиот почеток.

Првиот пат кога оваа вест стигна до хрватската јавност беше напишана за нападот на 27-годишен маж кој, како што тогаш објавија медиумите, бил претепан. Македонската полиција брзо ги демантираше обвинувањата, велејќи дека на телото на младиот човек немало видливи повреди. И началникот на скопската болница Маја Мојсова ги демантираше информациите дека Тот бил претепан.

„Ракометарот е во критична состојба.Слободно можеме да кажеме дека се бориме за неговиот живот.Она што е чудно во целата приказна е што на него нема траги на насилство.Тој е донесен на нашата клиника во критична состојба и неговото срце запрело. “, рече Мојсова пред да почине Тот.

Пред три дена се огласи и братот на починатиот Борис Тот кој рече дека неговиот брат „умрел од срцев удар, а не од некакви телесни повреди, тепачки или други глупости“.

Истиот ден, македонската полиција излезе со соопштение во кое тврделе дека хрватскиот ракометар Денис Тот починал како последица на физички конфликт и удар. На крајот од обдукцијата се покажало дека Тот претрпел тешко оштетување на мозокот поради удар во главата. Веднаш се уапсени две лица, а по трето се трага, соопшти македонската полиција, објави хрватски Индекс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.