Во Романија температурите во минус, регистрирана една жртва

Студената есен доведе до температури од дури минус осум Целзиусови степени измерени во областа Харгита во централна Романија, а регистрирана е една жртва на студениот бран.

И во други делови на Романија измерени се минусни температури, а во Харгита била забележана и слана. Најниската температура забележана во овој дел од годината во централна Романија изнесува минус 10 степени и е измерена во 1977 година.

Властите соопштија дека маж кој престојувал во планинската област во централна Романија починал во средата во болница. „Во болницата беше донесен во бесвесна состојба со тешка хипотермија и доживеан срцев удар“, изјавил за медиумите Дечебал Тодарите, портпарол на одделот за идни случаи во болницата во Сибиу.

Началникот на горската служба за спасување, Сабин Корниу за телевизијата Digi24 изјавил дека „никој не можел да предвиди дека временските прилики ќе бидат толку екстремни“. Студениот бран ја зафати земјата по невообичаенот топлото време за овој дел од годината.

Според синоптичарите темпетурите во поголемиот дел од централниот дел на земјата се движеле околу минус 4 Целзиусови степени и предвидуваат дека во четвртокот попладнето и натаму ќе бидат ниски. Метеролозите очекуваат затоплување во следните денови, откако ќе помине бранот арктички воздух.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.