Во рудник во Шведска изби пожар, околу 80 рудари евакуирани

Околу 80 рудари беа евакуирани откако изби пожар во рудникот за цинк во Гарпенберг, северна Шведска, изјави денеска сопственикот на рудникот Болиден.

Двајца работници се пренесени на медицински прегледи, соопшти компанијата.

– Ние го вентилираме чадот, го тестираме персоналот и правиме сите да се чувствуваат добро, рече портпаролот на Болиден, Клас Нилсон.

– После ова што се случи во рудникот, најверојатно, ќе има некои ефекти (при вадењето цинк), но не до тој степен што е значајно за нас, рече Нилсон.

Противпожарните екипи, заедно со противпожарната екипа „Болиден“, го изгаснале пожарот, кој  избувна во рудник оддалечен 130 километри од Стокхолм, додека околу 130 рудари се наоѓале во него.