Во Русија поради промена на методот на броење, зголемен бројот починати од Covid-19 во април

477

Русија во април забележала 2.712 починати кои може да се доведат во некаква поврзаност со зараза со новиот коронавирус, што е повеќе од двојно повеќе од претходно утврдениот број, покажува статистиката која се заснива на нов метод на потврдување на смртните исходи која во саботата ја објави државната агенција за статистика Росстат.

Според официјалнтие податоци во април во Русија од коронавирусот починале 1.152 лица. Руските здравствени власти истакнаа претходно дека како заразени се водат и пациенти со пневмонија и оние со потврдено присуство на коронавирусот, а дека бројката на починатите, како споменатата, ги опфаќа само случаите кај кои Covid-19 е потврдена како главна причина за смртта.

Кон крајот на мај руското министерство за здравство објави дека ќе ја измени методот на регистрација и ќе го усогласи со препораките на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) која се залага да се пребројат и спореднтие премероци, како и сомнителните случаи.

Росстат во својот извештај за смртноста во април така наведува дека во 1.270 случаи Covid-19 бил главната причина за смрт на пациентите, а во 435 случаи вирусот „значително влијаел“ на смртта на пациентот поради други заболувања. Во 390 смртни случаи постои сомневање дека коронавирусот бил главната причина за смртта, но тоа не можело да се потврди. На крајот, уште 617 пациенти заразени со коронавирусот починале во април, а вирусот немал „позначајно влијание“ на нивната смрт, објави Росстат.

Во Русија во саботата се потврдени 8.706 новозаразени, што претставува стабилен раст во изминатите повеќе од три седмици, со што вкупниот број е 520.129 лица. Речиси 275.000 пациенти досега оздравеле, а до саботата се потврдени 6.829 смртни исходи.

Западните критики дека Русија манипулира со официјалните бројки, Москва ги отфрли предочувајќи дека руските здравствени власти ги евидентираат починатите кај кои по обдукција се покажало дека вирусот SARS-CoV-2 е главната причина за смрттта, додека другите земји ги бројат речиси сите починати пациенти кои на тестирањата биле позитивни. Во западните европски земји, и тамошните власти се на удар на критики, бидејќи не ги пријавувале смртните случаи дома или во домовите за стари и немоќни лица, каде не биле направени тестирања на коронавирусот.

Руските власти, коишто уште во првата половина на јануари ја затворија границата кон Кина која на крајот од декември 2019 објави за епидемијата од коронавирусот во централната покраина Хубеи, исто така, истакнуваат дека здравствениот систем во земјата имал доволно време да се подготви и дека е организирано тестирање на голем број лица, бидејќи епидемијата подоцна ја зафати Русија.

Заменичката на рускиот премиер, Татјана Голикова, изјави дека објавата на извештајот за смртноста во април доцнела затоа што се очекувале резултатите од обдукциите. Таа претходно објави дека смртноста од коронавирусот во април изнесувала 1,6 отсто.

„Најголемиот скок на бројот на починатите ќе се случи во мај и според сѐ судејќи во првата половина на јуни“, додаде Голикова на состанокот на владата кој беше пренесува на телевизија.

Голикова истакна дека големиот број зарази со коронавирусот се должи на тоа што тестирањето со PCR од почетокот на епидемијата во Русија, на 17-ти март, се зголемило за 139 пати. На датумот кој се смета за пик на епидемијата во Русија, 11-ти мај кога биле регистриани 11.656 нобозаразени, најмногу во едно деноноќие, за пет/шест пати бил зголемен бројот на тестирањата од претходниот ден. Тогаш земјата започна да излегува од режимот кога сите Руси не одеа на работа, а регионите постепено во согласност со тамошната епидемиолошка ситуација ги укунуваа некои од ограничувањата.

Голикова појасни дека постојат два кода според кои коронавирусот се класифицира како причина за смртта. Во официјалниот извештај има две колони, каде што болеста е целосно потврдената и случаи кога можно било присуство на вирусот, но не било потврдено, а сепак смртта се припишува на главната болест и основна прочина за смртта Covid-19.

„Доколку ги земеме предвид овие две групи, кои ги препорачува СЗО, тогаш бројот на починатите од Covid, кога тоа е основната причина за смртта, во април во Русија изнесуваше 1.660“, прецизираше Голикова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.