Во Русија првпат добиена фотографија од „британскиот“ сој на коронавирусот

Научниците од новосибирскиот научен центар „Вектор“, први во светот направија фотографија од британскиот сој на коронавирусот SARS-CoV-2, беше објавено во понеделникот на веб-страницата на агенцијата.

„Фотографијата на вирусот под микроскоп е добиена како дел од тековното проучување за својствата на оваа варијанта на новиот коронавирус“, се наведува во соопштението.

Притоа се додава дека посебно се проучуваат неговите структурни карактеристики, како и неговите манифестации во експериментални модели со употреба на лабораториски животни и клеточни култури.

Примерокот од новиот сој на коронавирусот беше изолиран во Англија кон средината на декември кај заболен од Covid-19. Снимката е направена со помош на трансмисиски електронски микроскоп со зголемување од 100.000 пати.

Кон средината на декември во Велика Британија беше откриена новиот мутиран сој на вирусот SARS-CoV-2, означен како VUI-202012/01. Според научниците, оваа варијанта е позаразна меѓу 56 до 70 отсто, од оригиналната верзија. Иако британскиот премиер Борис Џонсон минатата седмица објави дека овој сој е посмртоносен за 30 отсто од претходно познатиот сој, засега научниците не ги потврдуваат овие наводи.

Во текот на последниот месец, случаи на зараза со сојот VUI-202012/01 беа идентификувани во најмалку 60 земји.

Притоа, од „Вектор“ се истакнува дека PCR тестовите кои се регистрирани во Русија и развиени од институциите под рускиот регулатор Роспотребнадзор, овозможуваат откривање на случаи на зараза со британскиот сој на SARS-CoV-2, а системот на тестирањето на Централниот истражувачки институт за епидемиологија може да разликува мутиран вирус од вообичаените форми.

Покрај тоа, се истакнува и дека мутациите карактеристични за новиот сој не влијаат на ефикасноста на вакцината „ЕпиВакКорона“ која ја разви токму центарот „Вектор“.