Во Русија првпат по 1-ви мај помалку од 9.000 зразени во еден ден

Бројот на новозаразените со коронавирусот во Русија во последното деноноќие пораснало за 8.926 лица, што е првпат од 1-ви мај овој показател да падне под 9.000, па сега севкупно во земјата се потврдени 290.678 случаи на зараза, соопшти во понеделникот оперативниот штаб за борба против ширењето на новиот коронавирус.

Според податоците, дневниот раст на заразените изнесувавл 3,2 отсто, во однос на 3,6 отсто ден претходно, што е рекордно ниското нови од почетокот на епидемијата во Русија.

Без симптоми биле 3.557, или 40,1 отсто, од новите пациенти со коронавирусот.

Бројот на смртните исходи последното деноноќие се зголемил за 91, во однос на 94 ден претходно, со што бројот починати во Русија од почетокот на епидемијата се искачи до 2.722 луѓе.

Изминатото деноноќие од болниците се отпуштени 2.836 лица, со што бројот оздравени пациенти кај кои претходно бил дијагностициран коронавирусот се зголеми на 70.209 пациенти.