Во Русија рекорден број на смртни случаи од Ковид-19 за еден ден

Во Русија во последните 24 часа од Ковид-19 починале 613 лица што е највисока дневна цифра од почетокот на пандемијата.

Од последниот пресек се заразиле уште 28.585 лица, од кои 7.215 во Москва.

Вкупниот број на починати во Русија се искачи на 45.893, а досега се заразени повеќе од 2,5 милиони луѓе.