
Во Русија во последните 24 часа се потврдени нови 21.798 случаи на коронавирус, што е најголем број на инфекции во еден ден, соопшти денеска Центарот за борба против коронавирусот.
Тасс пренесува дека ова е четврти ден по ред како бројот на нови случаи е над 20.000. Во истиов период, од последиците на ковид-19 умреле 256 лица, и тоа претежно во московскиот регион.
Од почетокот на пандемијата во Русија, од коронавирус се заразени 1.796.132 лица, додека досега умреле 30.793 лица.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.