Во Русија со коронавирусот се заразени над 1,05 милион лица

Со новиот тип коронавирус во Русија се заразени 1.051.874 лица, а бројот на починати од последиците предизвикани од Ковид-19 е зголемен на 18.365, јавува агенцијата Анадолија.

Во соопштението на Центарот за превенција и контрола на заразувањето со ковид-19 во Русија, се наведува дека во последните 24 часа заразување е потврдено кај 5.504 лица, со што вкупниот број на заразени е зголемен на 1.051.874 лица.

Со тоа бројот на новозаразени го достигна нивото од 30 јули.

Во последните 24 часа потврдени се 102 смртни случаи, вкупно 18.365, додека бројот на оздравени се зголеми за 5.734 лица и изнесува 868.107.

Трендот на зголемување на бројот на новозаразени е задржан на 0,5 отсто, додека кај 22,5 отсто од нив не биле видливи симптомите на болеста.

Во Москва во последните 24 часа заразувањето е потврдено кај 698 лица, со што вкупниот број на заразени е зголемен на 269.777, а бројот на починатите за 9 и вкупно изнесува 4.956.

Службата за заштита на јавното здравје и потрошувачки права соопшти дека во последните 24 часа за присуство на ковид-19 се извршени околу 337.000 тестирања, односно, вкупно повеќе од 39,9 милиони.

Првиот случај на заразување со ковид-19 во Русија е потврден на 31 јануари, а првиот смртен случај на 19 март.

Новата учебна година започна на 1 септември, а во училиштата е задолжително носењето маски и почитувањето на правилото за физичка дистанца.