Во Русија спречени диверзии на украински разузнавачи

Руските безбедносни служби привеле тројца диверзанти на украинската разузнавачка агенција од кои еден планиран напад со експлозив, потврди во четвртокот Федералната служба за безбедност (ФСБ), а случајот доаѓа во периодот кога ексалираат тензиите меѓу двете земји.

„Федералната служба за бебзедност на Руската Федерација на териториите на три руски региони е пресечена раузнавачко-диверзантска активноста на украинските специјални служби“, соопштија од ФСБ.

Според кусата објава на службата, биле уапсени двајца агента на Службата за безбедност на Украина (СБУ), Зиновиј Ковил и неговиот син Игор, како и агентот на Главната управа на разузнавањето при Министерството за одбрана на Украина, Александар Цилик.

Според соопштението, двајца од уапсените „пристигнале во Русија за да собираат информации, фотографирале и снимале клучни стратешки постројки и сообраќајна инфраструктура“.

Во возилот во кое се уапсени откриено е оружје, скратена пушка и машинка, како и опрема за лична заштита. ФСБ тврди дека двајцата уапсени ги регрутирала украинската СБУ за 10.000 америкаснки долари. Се наведува дека сите тројца признале дека работеле по налог на украинското разузнавање.

Третиот диверзант е уапсени на дело со две импровизирани експлозиви направи со моќност која одговара на експлозив од 1,5 килограми ТНТ. Руската граница ја минал илегално, се додава во соопштението.

Истовремено се информира дека претходно уапсен постар офицер на украинската воена разузнавачка служба бил осуден на шест години строг затвор. Тој бил уапсен во јули годинава, како дел од четиричлена група приведена во 2016 година, и според обвинението имале цел да ги кренат во воздух комуникациски центар електростаница, склад за горива и радиоцентарот на Црноморската флота.