Во Рoманија стасаа првите американски проектили Patriot

Романската армија ја прими во четвртокот првата испорака на американскиет проектили земја-воздух од типот „Rytheon Patriot“ со образложение дека ги зајакнува своите одбранбени капацитети, што повторно предизвика реакција на Русија.

„Романија стана побезбедна земја откако на својата територија стана домаќин на проектилите ‘Patriot’. Романците сега се подобро заштитени“, изјави премиерот Лудовик Орбан на свеченоста на предавањето на проектилите на воен полигон на брегот на Црното Море.

Проектилите се дел од интегрираниот одбранбен систем во кој се вклучени и неодмна набавените борбени авиони од моделот „F-16“. Романија својата застарена воена опрема ја обновува според стандардите на НАТО и постепено ги менува авионите „МиГ“ од советскиот комунистички период.

Системот кој севкупно чини четири милијарди американски долари во Букурешт го сметаат за важен фактор на земјата која е членка на Европската унија и на НАТО која сака да воздржи секаква наводна закана од Русија.

САД веќе повеќе од осум години бара од членките на НАТО за сопствените воени буџети да издвојуваат два отсто од бруто домашниот производ (БДП), а Романија беше една од првите малку европски сојузници којашто го стори тоа. Во Романија, исто така, се наоѓа и американската база за балистички проектили и нејзините борбени единици се во мисиите во Ирак и во Авганистан.

Русија разместувањето на американските проекили во источна Европа го смета за кршење на меѓусебниот договор со НАТО за неширењето кон руските граници, што во Брисел го отфрлаат. Рускиот претседател Владимир Путин повеќешати повторди дека Москва на ваквите активност гледа како на голема опасност за сопствената безбедност, како и дека ќе биде принудена да распореди дополнителни ракетни проектили и со тоа да ги засили своите одбранбени капацитети кон овој дел на континентот.

САД, исто така, повеќепати тврдат дека таканаречениот „рактен штит“ кој го градат со години во источна и северна Европа бил одбрана на земјите на НАТО од можен напад со проектили од Иран, а не како закана за Русија. Вашингтон романскиот дел од „штитот“ кој чини 800 милиони долари го започна во 2016 година.