Во Русија забележан дневен рекорд над 11.000 новозаразени, најмногу од мај

Во Русија во вторникот се забележани 11.614 новозаразени од кои речиси 30 отсто немале симптоми, а од кои 4.082 во Москва, што е најголемата дневна стапка забележана од 11-ти мај, поради што руската престолнина ќе воведе нови ограничувања.

Темпото на распространувањето на коронавирусот во Русија и натаму е 0,9 отсто, но епидемиолозите најавуваат дека третиот бран од епидемијата ќе биде многу поголем отколку есенскиот кој ги повтори високите показатели од почетокот на мај во пикот на пандемијата.

Од почетокот на епидемијата во Русија со вирусот SARS-CoV-2 досега се заразиле 1.237.504 луѓе, со што земјата е четврта во светот по САД, Индија и Бразил. А со 188 починати во последното деноноќие, бележи вкупно над 21.600 смртни исходи од Covid-19, што е многу помало ниво отколку во западна Европа.

Се чини дека овојпат руската влада сака да избегне строги мерки на ограничувања и оцени дека здравствениот систем е подгпотвен да ги проми пациентите, како и дека располага со доволни резерви од заштитни средства и лекови за справување со заразата.

„Не сакаме изолација и нема да ја воведуваме“, изјави претходно во петокот руската вицепремиерка Татјана Голикова задолжена за здравството.

Рускиот претедател Владимир Путин предупреди во вторникот дека опасноста не се повлекла, но и оти властите се подготвени да реагираат во секој развој на ситуацијата.

„Ќе дејствуваме јасно и координирано, ќе ги поддржиме нашите граѓани, социјалната сфера и здравствениот систем. Сигурен сум дека ваквите одлуки секогаш ќе наидуваат на разбирање и поддршка од сите пратенички групи во Думата“, изјави Путин на видео-конференцијата со шефовите на парламентарните групи.

Москва, која има третина од вкупниот број нови случаи на коронаинфекции, им нареди на компаниите дека од понеделник до 28-ми октомври најмалку 30 отсто од вработените мора да работатт од дома, за да се намали бројот на лица во јавниот сообраќај.

Москвоскиот градоначалник Сергеј Собјанин во таа насока во вторникот воведе мерка со којашто привремено се суспендираат бесплатните билети за јавниот сообраќај за пензионерите и учениците.

„Ситуацијата со короанвирусот станува сѐ покомплицирана и подраматична секој ден. Во однос на периодот пред отворањето, се приближуваме до највисоките показатели од пролетта. Бројот на хоспитализираните денеска надмина илјада луѓе. Растот продолжува“, рече во писмена изјава градоначалникот Собјанин.

Децата нема да можат да ги користат слободните билети од 9-ти до 18-ти октомври, а на оние семејства кои ги купуваат парите ќе им бидат пресметани за следниот период, додека за пензионерите и лицата со хронични заболувања мерката ќе важи од 9-ти до 28-ми октомври.

Училишниот распуст кој започна во понеделникот е продолжен од една на две семици. Во понеделникот претседателот Путин во своето видео обраќање по повод светскиот ден на наставниците, порача дека целосното затворање на училиштата и минвуање на образование на далечина е несериозно.

„Во врска со тоа повторувам уште еднаш: разговорите за затворање на училиштата, за наводно целосно преминување на учење од далечина во иднина не се сериозни“, рече Путин и додаде дека без оглед на тоа како се развиваат технологиите, креативнсота и директната комуникација меѓу ученикот и наставникот го осигуруваат високиот квалитет на образование.