Во Русија завршија клиничките испитувања на вакцината за коронавирусот, Западот загрижен

Руските здравствени власти ја завршиле фазата од клиничкото испитување на вакцината против новиот коронавирус и се подготвуваат за масовно вакцинирање на граѓаните веќе во октомври, изјави во саботата министерот за здравство Михаил Мурашко, но западните стручњаци се загрижени поради брзата руска постапка.

Како што изјави Мурашко, за вакцината разработена од Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Н. Ф. Гамалеј“, во моментов се подготува пакетот документи за регистрација на препаратот.

„Очекуваме најмалку уште две апликаци (за вакцини) во наредните месец и половина до два, за одобрување за изведување клинички испитувања“, додаде Марушко.

Според министерот, по добивањето на потврата за регистрација, ќе започне користењето на вакцината. Во прв ред ќе бидат вакцинирани ризичните групи од населението.

„Тоа пред сѐ се лекарите и професерите, а потоа постапено и остатокот од населението. Ќе има уште многу набљудувања на вакцинираните пациенти“, појасни Мурашко и додаде дека масовното вакцинирање на населението е планирано да започне во октомври.

Центарот „Гамалеја“ спроведе клинички испитувања на вакцината заедно со Министерството за одбрана на доброволци во воена болница, од која на 20-ти јули беше отпуштена втората група од 20 волонтери. Министерството за одбрана истакна дека резултатите од испитувањата „недвосмислено покажуваат развој на имунолошки одговор кај сите волонтери, нема нуспојави, компликации или незакани реакции, и кај нив не се откриени здравствени проблеми“.

На Западот, пак, забележуваат дека Русија досега не дала научни податоци за оваа вакцина на независна евалуација. Некои од западните стручњаци, исто така, се загрижени поради забраниот руски пристап во развојот на вакцината..

Водечекиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, изјави во петокот дека се надева оти Русија и Кина „навистина ја тестираат вакцината“, пред некого да вакцинираат. Рече дека САД би требало да имаат „сигурна и ефикасна“ вакцина до крајот на годиниата. Тоа е инаку околу два месеца подоцна од руската најава.

„Не верувам дека ќе постои вакцина многу пред нашата и дека ќе мораме да зависиме од другите земји да ја развиеме вакцината“, изјави Фаучи на сослушувањето пред конгресмените.

Околу 150 потенцијални вакцини против коронавирусот се развиваат во светот, а во моментов повеже од 20 можни вакцини се во клиничката фаза од испитувањата.