Во Русија пронајдени осомничените за случајот Скрипал

Руските власти го знаат идентитетот на наводно осомничените од британските власти во случајот со наводното труење со нервен агенс на поранешниот двоен руско-британски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија на почетокот од март во англиски Солсбери, изјави во понеделникот рускиот претседател Владимир Путин.

„Секако дека го проверивне идентетот на тие луѓе. Ние знаеме кои се тие, ги пронајдовме“, изјавил рускиот челник во текот на пленарната сесија на Источниот економски форум, кој се одржува во Владивосток.

Путин, исто така, додал дека станува збор за цивилни лица и изразил надеж дека „тие самите ќе се појават, самите сé ќе раскажат“.

„Сакам да им се обратам (…), да се обратат до средствата за јавно информирање (…) Тоа ќе биде за сите најдобро. Нема ништо особено криминално таму, ве уверувам“, заклучил Путин.

Претходно во понеделникот британските медиуми повторно обилно се занимаваа со случајот Скрипал. Така, весникот The Sun повикувајќи се на рускиот политоколог Андреј Поинтковски, познат како критичар на актуелната власт во Русија, дека најверојатно двајцата осомничени се мртви.

„Дококлку ’Петров’ и ’Баширов’ не се појават во јавноста во најскоро време, значи дека тие се мртви“, го цитира весникот својот сооворник.

Во понеделникот, исто така, и весникот The Daily Express повикувајќи се на извор во британското разузнавање објави дека во идентификувањето на наводните напаѓачи врз Скрипал, помогнал руски дипломат кој бил врбуван во Рим, и го носел кодното име „Аполо“.

Во написот се истакнува дека служвеникот во руската амбасада во италијанската престолнина бил врбуван од агент на британското надоврешно разузнавње MI6, кој се претставувал како трговец со уметнички дела.

Соговорникот на весникот рекол дека дипломатот одлучил да пребега од Русија бидејќи тамошните власти наводно имале намера да се конфронтираат со Западот. Рускиот дипломат, инаку според написот, бил задолжен за собирање информации за НАТО од министерството за одбрана на Италија.

Се наведува уште дека дипломатот бил пренесен во Велика Британија уште во април годинава. Во текот на сослушувањето, тој рекол дека „Москва управува со мрежа од тајни агенти низ целио свет“. Потоа нему му биле покажани фотографии со осомничените за труењето на Скрипла, кои допатувале во Лондон со пасоши кои гласеле на имињата Александр Петров и Руслан Боширов.

Весникот пишува дека дипломатот наводно „ги идентификувал овие мажи како оперативци на (руското воено разузнавање) ГРУ“. Врбуваниот дипломат „Аполо“, исто така, на британското разузнавње му предал многу информации за иднетитето на осомничените, пишува The Daily Express.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.