Во Русија уапсен американски државјанин поради шпионажа

Руската служба за државна безбедност Федералното служба за безбедност (ФСБ) објави во понеделникот дека во петокот во главниот град Москва уапсила американски државјанин.

Во соопштението на ФСБ што го цитираат руските медиуми, се истакнува дека Американецот Пол Вилан бил уапсен во текот на „изведување шпионска операција“, но одбиле да прецизират што конкретно правел осомничениот. За делото за коешто е осомничен, на американскиот државјанин му се заканува казна затвор меѓу 10 и 20 години затвор.

Руското министерство за надворешни работи, исто така, рекло дека не може да даде повеќе поединости за апсењето и активностите на американскиот државјанин. Но истакнале дека за случајот навремено била информирана амбасадата на САД во Москва.

Генерал-мајорот на ФСБ во оставка и член на Советот за надворешна и одбранбена политика, Алескандр Михајлов, во изјава за агенцијата РИА рекол дека претпоставува дека апсењето на американскиот државјанин било условено од „навистина сериозни фактори“. Се осврнал, исто така, на изјавите на раководството на военот надворешно разузнавање ЦРУ дека руските информатори почнале да испраќаат помалку информации и претпоставува дека американското разузнавање ќе ги интензивира одмазничките мерки.