Во С Македонија се добиваат избори на антибугарска реторика, кај нас не е случај, вели Захариева

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева ја обвини земјава дека не го почитува Договорот за добрососедство. Таа уверува дека антимакедонскиот однос и националната реторика не се дел од предизборието во Бугарија, но во Македонија, како што вели, се добиваат избори на антибугарска реторика.

– Не, не сакам да остане надвор од ЕУ. Сега не ја одобривме рамката за преговори, тоа е различно. Не случајно Бугарија го направи проширувањето на Западен Балкан приоритет за време на нејзиното претседателство и направи многу за Македонија и Албанија. Сепак, повторувам, создавањето генерација по генерација на омраза кон Бугарија не може да продолжи. Ова нема да запре ако тие утре станат членки во ЕУ – изјави Захариева во интервју за бугарскиот медиум clubz.bg.

Захариева негира дека нејзината партија ГЕРБ му ја дала како концесија темата „Северна Македонија“ на Красимир Каракачанов и ВМРО,.

-Не, не мислам така. Ова е голема разлика помеѓу овде и овде. Таму можете да победите на избори со антибугарска реторика. Во Бугарија може да има одобрување на нашата позиција, но тоа не значи дека само поради оваа причина некој може да победи на избори. Во Бугарија, фала му на бога, изборите не се добиваат со спротивставување кон соседите – вели  таа.