Во сабота атлетски митинг за рекреативци

Во сабота на 20 април, на Градскиот стадион во Скопје ќе се одржи третиот аматерски атлетски митинг Скопје 2019.

Овој атлетски митинг е наменет за сите оние кои го сакаат трчањето, рекреативно се бават со трчање и спорт, се подготвуваат за Скопскиот Маратон или пак сакаат да ги проверат своите можности и брзина во некоја од предвидените дисциплини.

На аматерскиот митинг учесниците ќе можат да се натпреваруваат во дисциплините на 100 метри, 400, штафета 4 по 400, една миља (1600 метри), 5000, 10000 метри и скок во далечина. Секој заинтересиран може да се пријави за учество на митингот преку веб страницата www.prvdovrv.mk.

Атлетскиот митинг ќе трае од 10 до 16 часот и е отворен за сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат.

Атлетскиот митинг за рекреативци е во организација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв во соработка со Атлетската Федерација на Македонија и Градот Скопје.