Во сабота авионско прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека третата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 11.07.2020 година (сабота), во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Град Скопје ги известува пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.