Во сабота протест во Скопје, на сите кои сакаат да дишат

На социјалните мрежи во вторникот е објавен повик за протест закажан в сабота, а организаторите наведуваат дека можат да се приклучат „сите оние кои сакаат да дишат“.

Протестот ќе се одржи во сабота во 13часот пред Собрание на Република Македонија.

-Здраво напатен пријателу,
Ти што воздух не можеш да земеш,
Да пробаме да бидеме сложни барем кога за здравјето наше и на нашите најблиски се работи.

Мирен, но МАСОВЕН протест да им даде до знаење дека ни треба сериозни, способни луѓе наспроти шарлатани кои ќе не извадат од најтемната и најзагадената точка на светов.

Состојбата е алармантна и од ден на ден станува неподнослива. Да не дозволиме да не навикнат на “живот” во канцерогено општество .

САБОТА 26.01.2019 г. во 13.00h.

Собрание на Р.Македонија

Протест против КАНЦЕРОГЕНОТО ОПШЕСТВО!!!

ЗАСЛУЖУВАМЕ ДА ДИШЕМЕ!!!

Ако се согласувате,препратете ја поракава на колку повеќе луѓе можете.

ЗДРАВЈЕТО ПРЕД СЕ!, стои во повикот.