Во САД е извршена првата смртна казна на федерално ниво по 17 години

Во САД денеска е извршена првата смртна казна на федерално ниво после 17 години, а бил погубен 47-годишен маж осуден за трикратно убиство, соопшти Министерството за правда.

Даниел Ли бил погубен утринава по локално време во федралниот затвор во Индијана, се наведува во соопштението.

„Убивате невин човек“, биле последните зборови на осуденикот, пренесе новинарот на Индијанаполис стар, кој присуствувал на егзекуцијата.

Ли бил прогласен за виновен во 1999 година за убиство на брачен пар и нивната осумгодишна ќерка во Арканзас за време на грабеж.

Ова е прво извршување на смртна казна на федерално ниво од 2003 година.

Роднините на жртвите се противеа на извршувањето на смртната казна и негираа дека тоа се прави во нивно име.

За оваа недела се закажани уште две егзекуции на осудени на смрт на федерално ниво, додека четвртата е планирана за во август.