Вакцината против Covid-19 на производителот „Johnson&Johnson“ отсега во САД ќе треба да се чува во ладилниците четири ипол месеци наместо три месеца, соопшти во четвртокот оваа американската фармацевтска компанија.
Оваа промена на рокот за складирање итно беше барана, бидејќи го продолжува векот на траење на стотиците илјади дози на коишто наскоро би можел да им мине рокото доколку не бидат употребени.
Продолжувањето на времетрањето на складирањето го одобри американската Агенција за храна и лекови (FDA), известија од „Johnson&Johnson“.
„Одлуката се заснова на податоците кои покажуваат дека вакцината е стабилан по 4,5 месеци, доколку се чува на температура од 2 до 8 Целзиусовите степени“, се наведива во соопштението на производителот.
Повеќе од 21 милион дози од оваа вакцина се поделени во американските сојузни држави, а потрошени се само малку повеќе од 11 милиони, покажуваат податоците од Центарот за превенција и сузбивање на болестите (CDC).
Во понеделникот гувернерот на Охајо, Мајк Девин, предупреди дека на 23-ти јуни истекнува рокот на траење за 200.000 дози од вакцината на „Johnson&Johnson“ во ова сојузна држава.
Повикувајќи ги жителите на својата држава што поскоро да се вакцинираат, Девин го критикуваше непостоењето на законска можност тие дози да им се испратат на другите сојузни американски држави или во странство.
Вакцинирањето со „Johnson&Johnson“ во април беше запрено на десет дена поради појави на тешка тромбоза кај жени кои биле проследени со ниско ново на тромбицитите. Здравствените власти на краот оценија дека ползата од вакцинирањето, сепак, е поголем од ризокот од несаканите појави.