Во САД најмногу заразени за еден ден 100.233 граѓани

САД вчера поставија нов црн рекорд по бројот на нови случаи на коронавирус за еден ден – 100.233, што е најмногу од почетокот на пандемијата.

Тоа е исто така светски рекорд по бројот на пациенти за еден ден, надминувајќи го бројот на 97.894 нови случаи, регистрирани во Индија на 17 септември. Бројот на пациенти во последните два дена, 100.233 и 91.000, покажува дека во САД повеќе од една личност се разболува секоја секунда.

Вкупно девет милиони луѓе во САД се заразеи со Ковид-19, или три проценти од населението. Повеќе од 230.000 луѓе починаа од вирусот. Хоспитализирани се 46.000 пациенти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.