Во САД над 1.000 починати од Ковид-19

12

Бројот на починати од последиците од коронавирусот во Турција се искачи на 15 и сега изнесува 59, изјави министерот за здравство, Фахретин Коча.

Тој на Твитер објави дека бројот на инфицирани лица од Ковид-19 се зголемил за 561, што значи дека вкупно 2.433 лица се заразени со новиот коронавирус.

Парламентот на Шпанија ја продолжи вонредната состојба за две недели поради пандемијата со Ковид-19.

Мерката беше изглаана откако во Парламентот беа физички присутни помалкуи од 50 пратеници од вкупно 350, а другите гласаа од дома.

Вонредна состојба во Шпанија беше воведена на 14 март, со што беше овозможено да се прогласи национален карантин, додека сега се продолжува до 11 април.

Бројот на инфицирани со новиот коронавирус во Шпанија изнесува околу 47.600 лица, а земјата е на второ место, по Италија по бројот на починати – 3.434 луѓе.

Во изминатите 24 часа во Бугарија се регистрирани 23 заразени од новиот коронавирус. Вкупно досега се регистрирани 243 случаи. Тоа го изјави на прес конференција Венцислав Мутафџиски, началник на Оперативниот штаб за справување со Ковид-19.

– Ќе му предложиме на министерот за здравство продолжување на вонредните мерки до 12 април. Друг предлог е – карантин за апсолутно секој кој пристигнува од странство – изјави Мутафџиски.

Во болници во Софија има четири лица кои се во критична состојба.

Во САД од новиот коронавирус починаа над илјада луѓе, соопшти Универзитетот Џон Хопкинс.

Во САД се регистирани 68.572 лица инфицирани со Ковид-19, од кои 1.033 починале.

Според бројот на заразени лица САД е на трето место по Кина и Италија

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.