Во САД над 2.600 заразени со коронавирусот и 56 починати

Бројот на потврдените случаи на зараза со коронавирусот Covid-19 во САД се зголеми на 2.655 од кои починале 56 луѓе, објави ноќта кон неделата по македонско време телевизијата CNN, повикувајќи се на податоците о Центарот за контрола и превенција на болестите (CDC).

Претходно во саботата CNN, наведувајќи го истиот извор извести за 2.430 случаи на зараза, и 50 смртни исходи. Истовремено, Институтот при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ објави за потврдени 2.572 случаи на зараза и 51 починат пациент.

Како што се истакнува во извештајот на CNN, коронавирусот е откриен кај 70 Американци кои се вратени во татковината од странство, како и кај 2.655 жители во 49 сојузни држави и округот на главниот град Колумбија. Првите смртни случаи во саботата се потврдени во сојузните држави Луизијана и Вирџинија.

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи во петокот вонредна состојба во земјата поради пандемијата од новиот сој коронавирус Covid-19, што ѝ овозможува на сојузната влада да деблокира средства резервирани за случаи на катастрофи. Бројот на сојузните држави во кои е воведена вонредна состојба достигна 32, а последна во таа низа беше Мисисипи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.