Во САД недостиг и ограничување на продажбата на храна за доенчиња

Малопродажните компании во САД ја рационализираат продажбата на храна за доенчиња поради недостиг, а дополнителен проблем се и повисоките цени, известуваат медиумите.

Синџирот дрогерии „ Walgreens“ ја ограничи продажбата на три производа по трансакција, како што наведуваат, поради засилената побарувачка и проблемот со добавувалките, извести блогот CBS MoneyWatch.

Од компанијата „CVS Health“, пак, соопштија дека соработуваат со производителите на решавањето на проблемот.

Компанијата специјализирана за следење на подотоците за производите „Datasembly“ ги анализирала залихите од храна за доенчиња во повеќе од 11.000 продавници и утврдила дека на 13-ти март им недостасувале 29 отсто од најпопуларните производи.Во ноември на залихи немале 11 отсто од тие продукти.

Покрај проблемите во синџирите за снабдување поврзани со пандемијата на коронавирусот, како што е недостигот од клучните состојки, амбалажа но и работна сила, кризата во снабдувањето со адаптираното млеко ја заострило и неодамнешното повлекување од пазарот на производите на компанијата „Abbott“.

Во февраури „Abbott“ од пазарот повлече неколку популарни формули на адаптираното млеки коишто ги вклучуваат брендовите „Similac“, „Alimentum“ и „EleCare“, произведени во сојузната држава Мичиген, откако кај четири доенчиња е дијагностицирана зараза со бактеријата кронобактер саказакии или салмонела Њупорт.

Американскиот центар за контрола и превенција на болестите (CDC) наведува дек кронобактерот кај доенчињња може да предизвика тешка сепса и менингитис, кои може да го загрозат животот на дететот.

Во март Управата за храна и лекови (FDA) наложи да се повлечат и неколку серии од „Similac PM 60/40 instant“ на „Aboott“, по смртта на уште едно дете. FDA извести за пет случаи на зараза на деца со мактериката по консумирање на производи на „Abott“ и два смртни случаи.