Во САД од 1 јануари во продавниците за кафе ќе се продава и марихуана

Љубителите на марихуаната во САД ги бројат часовите пред отворањето на 1 јануари на првите продавници каде што марихуаната ќе може слободно да се купува, во американските држави Вашингтон и Колорадо, каде што е легализирана употребата на канабисот.

Големиот број на производители на таа билка очекуваат голема заработка, додека властите очекуваат пари од данокот за таа нова трговска активност која ја легализираа.Некои здруженија веќе нудат органзиирани патувања во тие две држави.

Вашингтон и Колорадо ја легализираа упетребата на канабисот за рекреативни цели во ноември, но законот на сила стапува на сила на 1 јануари 2014 година.

„Таа новина ќе привлече многу луѓе од различни краеви. Има многу луѓе кои ќе дојдат од Тексас, Аризона и Јута,“ изјави Адам Рали, главен добавувач на канабис од фирмата Бед Компани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.