Во САД по 17 години првпат запрено извршување смртната казна

Главната федерална судијка Џејн Магнус-Стинсон во сојузната држава Индијана во петокот го запре федералното погубување кое требаше да се изврши во американски сојузен затвор по 17 години.

Одлуката е одговор на барањето за запирање на погубувањето од страна на семејствата на жртвите на осудениот, откако администрацијата во затворот во Индијана, како што навеле, не создало безбедни услови за новно присуство, а се однесува на епидемијата на Covid-19. Судијката го запрела извршувањето сѐ додека властите не обезбедат соодветни услови.

Пред една година, главниот државен обвинител и министер за правосудство Вилијам Бар, најави дека федералните власти ќе продолжат со погубувањата на криминалците, бидејќи сметаат дека имаат обврска да им пружат барем некакво утешување на семејствата на жртвите.

Меѓутоа, роднините на жртвите на сега 47-годишниот Даниел Луис Ли, над кого смртната казна со инјектирање смртоносна инјекција требаше да биде извршена во понеделник во градот Тер-Хоут во Индијана, се обратиле во судот со барање да се запре погубувањето. Според нив, погубувањето на Ли без нивно присуство само ќе ја засилело нивната тага.

Ли, член на расистичка група, беше осуден во државата Арканзас за брутално убиство на тричлено семејство во 1996 година. Тогаш го убил трговецот со оружје Вилијам Мулер, неговата сопруга Ненси и нејзината осумгодишна ќерка Сара Пауел. Поротата во 1999 година го осуди на смрт.

Следната седмица се планирани уште две погубувања, на Весли Ајра Парки, за силување и убиство на 16-годишна девојка и на Кит Двејн Нелсон, за грабнување, силување и убиство на десетгодишно девојченце.

Обновувањето на федералните погубувања има само симболично значење за САД, бидејќи повеќето смртни казни се изведуваат под јурисдикција на сојузните држави а не на федералните власти.