Во САД поради „Третата светска војна“ падна сајтот за мобилизација 

Американската веб-страница за регрутирање во резервниот армиски состав (Selective Service System) падна, а причината за тоа како што се објаснува е ширењето на интернет на шпекулациите за можно избувнување на светска војна.

„Поради ширење на дезинформациите, нашата веб-страница наидува на проблеми во врска со зголемиот обем на интернет сообраќај“, се појаснува во објавата на одделот на Twitter.

И покрај тоа што од 1973 година американската армија целосно ги пополнува своите редови на основа на договори, неколку групи граѓани подлегнуваат на регрутација во случај на мобилизација. Списоците за лицата кои се мобилизирани може да се проверта на сајтот на споменатата служба.

Претходно на Twitter меѓу најпопуларните се издвои хаштагот #WWIII (трета светска војна). За помалку од еден ден, корисниците на социјалната мрежа објавија повеќе од три милиона објави на оваа тема.

Возбудата окои „третата светска војна“ беше испровоцирана од американската ликвидација на влијателниот ирански генерал Касем Сулејмани во петокот во Багдад, која предизвика реакции на светските челнции со стравување од проширување на конфликтот во регионот на Блискиот исток. Ескалацијата на напнатите односи меѓу Вашингтон и Техеран дополнително ја подгреа и изјавата на американскиот претседател Доналд Тремп кој не исклучи нови воени акции против Иран.