Во САД повеќе од 250 илјади починати од коронавирус

– Бројот на починати од последици на коронавирусот во САД надмина 250.000 лица. Стапката на смртност во земјата се зголеми во последните четири недели за 42 отсто, објави Ен Би Си, наведувајќи дека дневно се регистрираат по околу илјада смртни случаи.

Истовремено, САД потврдија еден милион нови случаи на Ковид-19 за само една недела.

Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“, повеќе од 11,3 милиони Американци се заразени со коронавирус.