Во САД речиси половина милион починати од Covid-19, знамињата на половина копје

САД во понеделникот се проближија на бројката од половина милион починати од последици на коронавирусот на коишто Белата куќа им одава почест со спуштењето на знамињата на половина копје, и тврди дека надежите ги полага во доброто напредување во вакцинирањето.

На 20-ти јануари, кога Џо Бајден ја презема должноста кој најави дека приоритет ќе му биде справувањето со епидемијата на Covid-19, САД имаа речиси 400.000 смртни исходи. Една година по веста за смртта на првата жртва на коронавирусот во САД, на 29-ти февраури 2020 година, деновите лесно може да се случи бројката да надине 500.000 починати, покажуваат податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

„Половина милиони! Тоа е речиси 70.000 повеќе отколку сите Американци загинати во Втората светска војна“, рече во петокот Бајден кој во понеделникот со минута молк им одава почест на починатите од Covid-19.

Претседателот Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис во придружба на нивните брачни партнери со минута молк во поенделникот навечер по американско време одаваат почест на починатите.

„Ќе ги повикам сите Американци да се придружат на минутата молк на свеченоста на палење свеќи“, најави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, за новинарите.

„Немаме видено ништо слично во последните повеќе од сто години, од времето на пандемијата во 1918 година. Ова е нешто што ќе остане запишано во историјата“, рече во неделата имунологот Ентони Фаучи, советник и на претходниот претседател Доналд Трамп и на сегашниот Џо Бајден.

Според наредбата на Бајден знамињата на зградите на сојузната администрација се спуштаат на половина копје и така ќе останат во следните пет дена, најави Псаки.

Меѓутоа, според тврдењето на власта, сегашниот ритам на вакцината во САД, како што рече 1,7 милиони инјекција на ден во просек, влева надеж. „Мислам дека до крајот на годината речиси ќе се вратиме во нормалата“, рече Бајден во петокот.

Повеќе od 43,6 милиони Американци ја примиле барем едната доза од двете вакцини кои се одобрени во САД, оносно „Pfizer/BioNTech“ и „Modern“, а 18,8 милиони ги примиле двете дози. До петокот во САД може да биде одобрена и третата вакцина на „ Johnson&Johnson“, за кое во петокот свое мислење ќе даде регулаторот.

Бајден рече дека до крајот на јули ќе има на располагање 600 милиони дози, што е доволно за вакцинирање на целото американско население.