Во САД се бара да се забранат книги со ЛГБТ тематика

Осум од десет „најспорни“ книги кои родителите и воопшто припадниците на заедницата во САД сакаат да се отстранат од полиците на книжарниците и библиотеките се оние кои се однесуваат на тематика во врска со ЛГБТ+ популацијата.

Како што се наведува во годишниот извештај на Американската библиотекарска асоцијација (АЛА), ова е досге а најголема забележана нетрпеливост кон книги со ЛГБТ+ тематика.

– Сведоци сме на назаден тренд во однос на различностите и настојувањата да се потиснат гласовите на ЛГБТ заедницата, и, навистина, тиа гласови повторно да се турнат во плакар, изјави Дебора Стоун, шефица на одделот на АЛА за интелектуални слободи.

Таа рече дека тоа е обид се што е во врска со ЛГБТ темите да се прогласи за несоодветно за младите, дури и кога одговара на нивната возраст.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.