Во САД се наѕира договор за помош на загрозените компании

Во САД по претходните неуспешни преговори за помош на загрозените компании денеска се наѕира псотигнување договор, јава Си-Ен-Ен.

Надзорот над фондот од 500 милијарди американски долари што ќе се формира ќе го врши Белата куќа.

Американскиот секретар за финансии Стивен Мнучин се согласи генералниот инспектор и надзорниот одбор на Конгресот да вршат надзор врз користењето на средствата од фондот од 500 милијарди американски долари што треба да се формира за да им се помогне на загрозените компании.

Во САД има голем притисок врз Сенатот да донесе мерки за давање економска помош поради кризата предизвикана од епидемијата на коронавирусот.

После четири дена маратонски преговори, администрацијата на Трамп и сенаторите вчера го отфрлија договорот според кој ќе биде обезбедена помош за најзагрозените работници и компании.

Лидерите кои учествуваа на состанокот доцна синоќа се оптимисти и веруваат дека може денеска да се постигне договор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.