Во самоизолација до добивање на резултат од тест, за прекршителите парична казна

Со новиот закон кој вчера беше донесен во законодавниот дом се регулираи самоизолацијата.

Истата е задолжителна при тестирање за Коронавирус COVID-19 од закажување на тестот или самото тестирање до добивање на резултатот, а самоизолацијата продолжува доколку резултатот е позитивен.

За прекршителите на членот од Законот кој ја регулира самоизолација предвидена е казна од 50 евра.