Во Сан Франциско прогласена вонредна состојба поради мајмунските сипаници

Сан Франциско прогласи вонредна состојба поради зголемениот број на случаи на мајмунски сипаници во тој американски град и недостигот на вакцини, пренесува Танјуг. Од вкупниот број случаи на мајмунски сипаници во Калифорнија, 30 отсто се во Сан Франциско, изјави локалниот здравствен претставник Сузан Филип.

Ова ќе им овозможи на локалните власти да мобилизираат дополнителни ресурси и персонал за борба против појавата и да го забрзаат развојот на плановите за итни случаи.

Досега, во Сан Франциско се регистрирани 261 случај на мајмунска сипаница, додека околу 4.600 се регистрирани низ САД, според Институтот за јавно здравје во Сан Франциско, како што објави Гардијан.

Светската здравствена организација неодамна прогласи мајмунски сипаници за глобална здравствена вонредна состојба.