Во семејството на секој петти Американец некој е убиен од огнено оружје

Секој петти Американец вело дека некој во неговото семејство загинал од огнено оружје, а во тоа се вклучени и самоубиствата, се наведува во истражувањето што го спровела фондацијата Kaiser Family Foundation.

Исто толкава бројка Американци тврди дека бил директно изложен на закана со огнено оружје. Истражувањето опфатило 1.271 испитаник над 18 години.

Противниците на исклучително либералните американски закони за поседување и носење огнено оружје, велат дека САД плаќаат многу висока цена поради распространетоста на таквото оружје на својата територија, како и не неверојатната леснотија за негова набавка.

Според анкетата, убиствата со огнено оружје е несразмерно висока во црнечката и хиспанската популација на Американците.

Со сѐ побројните смртоносни масовни пукаа и убиства со огнено оружје сѐ повеќе Американци зборуваат за последиците на таквата форма на насилство врз нивниот живот.

Гувернерот на сојузната држава Кентаки, Едни Беишар, изјави минатата седмица дека една од жртвите кои ги уби напаѓачот во Луисвил му бил „нему еден од најблиските пријатели“.

Американскиот претседател Џо Бајден повеќепати ветуваше дека ќе дејствува за да ја намали опасноста кои многу власти пред него не успеаја да ја спречат, но неговиот простор за политичко маневрирање е стеснет, бидејќи на забраната за носење и поседување огнено оружје и лесниот пристап до него се противи Конгресот.