Во септември потрошени 528.695 мегаватчасови електрична енергија

29

Во септември 2021 година се потрошени вкупно 528 695 мегаватчасови електрична енергија, 37.226 милиони нормални метри кубни природен гас, 435 707 тони јаглен и 92 829 тони нафтени продукти.

Според Државниот завод за статистика, бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 87,9 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,61 процент од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.