Во Шпанија 3.500 новозаболени, почина медицинска сестра

Во Шпанија во четвртокот се заразени уште 3.500 лица, со што продолжи забрзаниот раст на новозаболените во оваа земја која стана втората најпогодена од коронавирусот во Европа по Италија.

Вкупно во Шпанија се заболени досега 17.147 лица, од кои починале 767 луѓе што е 209 повеќе отколку ден претходно. Меѓу починатите е и медицинска сестра од северната автономна покраина Баскија, која е првиот смртен случај меѓу здравствениот персонал во Шпанија. Инаку, секоај вечер Шпанците излегуваат на балконите или прозорците и со аплауз и удирање по метални садови даваат поддршја за здравствените работници.

Во Шпанија петти ден по ред на сила се вонредните мерки, воведени со цел да се запре ширењето на коронавирусот. Жителите полека се навикнува на забраната за слободно движење на улиците. Во главниот град Мадрид се многу ретки минувачите кои поединечно влегуваат во супермаркетите или ги шетаат домашните миленици.

Владата и натаму ги повикува 47-те милиони жители без неодложна потреба да не ги напуштаат своите домови. Од неделата е дозволено излегување од домовите само за одење на работа, во болница, аптека или продавница за храна, киоск или на бензинска станца, или во куса прошетка на домашните миленици. По улиците патролираат полициски автомобили.

 

КОРОНАВИРУС ПОДАТОЦИ ВО ШПАНИЈА

Вкупен број: дијагностицирани 17.147 случаи, 767 смртни случаи

6.777 во Мадрид (498 мртви)
2.702 во Каталонија (55 мртви)
1.190 во Баскија (53 мртви)
921 во Валенсија (24 мртви)
1.008 во Андалузија (23 мртви)
801 во Кастиља Ла Манча (42 мртви)
868 во Кастиља и Леон (29 мртви)
468 во Ла Риоха (5 мртви)
482 во Навара (4 мртви)
453 во Галиција (4 мртви)
292 во Астуриас (1 мртов)
281 во Арагон (15 мртви)
241 во Екстремадура (8 мртви)
220 во Канарските Острови (3 мртви)
169 на Балеарските острови (2 мртви)
167 во Мурсија
83 во Кантрабија (1 мртов)
23 во Мелила (Мароко)
1 во Сеута     (Мароко)