Во Шпанија 40 отсто од пациентите се под 40 години, а полoвина се асимптоматски случаи

Според најновите истражувања на шпанскиот институт за здравство Карлос III, 49,6 проценти од пациентите со коронавирус се асимптоматски случаи, додека 40 проценти од пациентите се под 40-годишна возраст.

Се поголем број млади луѓе страдаат од вирусот во Шпанија, а според студијата објавена во понеделникот вечерта, повеќето од пациентите се на возраст меѓу 15 и 29 години, пишува шпанскиот „Ел Паис“.

Во април просечната возраст на пациенти со вирус „ковид-19“ беше 60, меѓутоа, според најновите податоци, сега тој просек е 48 години.

Исто така, на 1 април 83,3 проценти од пациентите биле на возраст над 40 години, иако тестирањето на вирусот се правело само на лица кои биле хоспитализирани во критична состојба, а сега кога се прави малку пошироки ПЦР тестови, откриени се голем број на асимптоматски случаи.

Симптоми на коронавирус 55 проценти од луѓето третирани како асимптоматски случај никогаш не ги почувствувале.

Исто така, истражувањето покажало дека 37 проценти од заразените не знаат каде би можеле да се заразат, дека 25 отсто се заразени дома, 12,1 отсто во една од социјалните институции, 11,1 отсто на работа и 6,1 отсто во здравствени центри.

Исто така, 0,2 проценти од нив се заразиле во едно од училиштата, додека 7,3 проценти рекле дека биле заразени на друго место.

Се додава дека сите овие податоци варираат од регион до регион, така што во Каталонија, на пример, 74,4 проценти не знаат дека биле во контакт со болно лице, а во Баскија, 11,9 проценти не знаеле дека се во контакт со болно лице.