Во Шпанија 410 починати, најмалку последните 30 дена

Во Шпанија во последното деноноќие од коронавирусот починале 410 лица, што е најмал број на смртните исходи на дневно ниво во последниот месец дена, а вкупниот број на жртвите се зголеми на 20.453 луѓе.

„Првпат се симнавме под 500 починати во еден ден, а тоа е воедно и 150 помалку починати во однос на ден претходно. Но треба да се биде претпазлив, бидејќи во текот на викендот побавно пристигнуваат податоците. Во секој случај, ова е подоток кој дава надеж“, изјави челникот на шпанските здравствени служби Фернандо Симон на вообичаената прес-конференција.

Шпанија го бележи просекот од 42,7 починати на 100.000 жители, со што ја има втората најголема стапка на смртноста од Covid-19 по Белгија, каде што овој просек изнесува 47,6 починати.

Во неделата бројот на заразените достигна 195.944 лица, од кои заздравени се 77.357 пациенти, објави министерството за здравство. Во петокот министерството објави дека го воедначува критериумот за бележење на податоците за заболените и починатите во сите 17 автономни покраини, па наскоро треба да ги објави ревидираните податоци од избувнувањето на епидемијата. Тогаш, според нив, ќе биде можно прецизно да се споредат најновитете податоци со оние претходните, за да се извлечат заклучоци за тенденцијата на епидемијата.

„Последните денови имаше збрка со бројките, што сега го доведуваме во ред, бидејќи покраините почнуваат да ни испраќаат воедначени и ревидирани податоци“, рече Симон.

Шпанскиот премиер Педро Санчез во саботата вечерта изјави дека следната седмица од парламентот ќе побара продолжување на вонредната состојба до 10-ти мај.

Околу 47 милиони жители на Шпанија од 14-ти март се затворени во своите домови, а смеат да излезат само до продавнциите за храна, аптеките, болниците, киосците, банките, бензиските црпки, како и да го прошетаат кучето. На работа одат само вработените во неопходните занимања, како производство и дистрибуција на храната, струјата и гаст, и работниците во индустријата и градежништвото.

На децата им е забрането излегувањето, а во продавниците смее да излегува само едно лице од домаќинството. Заедничкото излегување на две или повеќе лица е забрането.

Владата можела порано да реагира

Околу 59 отсто од населението ги поддржуваат овие строги ограничувања на движењето доколку помагаат за заштита на здравјето, покажува истражувањето на јавното менение на групацијата 40dB објавено во неделата во дневниот весник El Pais.

Меѓутоа, дури 85 отсто од испитаниците тврдат дека владата „можела да реагира порано“, а 44 отсто сметаат дека Шпанија полошо се соочува со кризата од другите земји.

Владејачката Шпанска социјалистичка работничка партија (PSOE) на премиерот Педро Санчез и помалиот левичарски коалициски парнте Заедно Можене (Unidas Podemos) на власт се од јануари, по трите парламентарни избори за речиси една година и тешките преговори.

За PSOE во моментов би гласале 31,7 отсто од населението, пшто е 3,7 процентни поени повеќе во однос на изборите во ноември, покажа истражувањето на агенцијата за испитување на јавното мнение Sigma Dos објавено во неделата во дневниот весник El Mundo. Популарноста на Unidas Podemos ослабела за 1,3 процентни поени, со што станува четвртата партија според рејтингот.

Најголемата опозициска конзервативна Народна партија (РР) остана на второто место и за неа би гласале 24,4 отсто од изборачите, што е за 4,6 процентни поени повеќе отколку на ноемвриските избори. Десната партија Глас (Vox) е третата партиа, како и на минатите избори. Анкетата е спроведена од 13-ти до 15-ти април.