Во Шпанија најмал број на смртни случаи за еден ден во последните два месеци

Во Шпанија 87 лица починаа во изминатите 24 часа како резултат на инфекција со коронавирус, која го зголеми вкупниот број на смртни случаи на 27.650, јавува Анадолија.

Шпанското Министерство за здравство објави дека ова е најмал број на смртни случаи за еден ден во последните два месеци.

Во соопштението се вели дека во изминатите 24 часа се потврдени 421 нови случаи на инфекција и дека вкупниот број заразени достигна 231.111.

Се истакнува дека досега се излечиле над 147.000 луѓе.

Според статистичките податоци, 90 проценти од смртните случаи од КОВИД-19 биле на возраст меѓу 60 и постари.

Речиси два милиони примероци се тестирани во Шпанија од почетокот на пандемијата.

Властите во Барселона вчера соопштија дека плажите ќе бидат отворени за прошетки од среда, иако втората фаза на нормализација не е започната.

Третата фаза (второ ниво) на нормализација ќе започне на четири острови (Ла Гомера, Форментера, Ел Хиеро, Ла Грациоса) кои припаѓаат на туристичките области на Шпанија.

На споменатите острови, со ограничен број присутни, ќе бидат дозволени свадби и културни активности, како театри и кина на отворено.

Шпанските власти планираат да го завршат процесот на постепено нормализирање, кој се состои од 4 фази низ целата земја, до крајот на јуни.