Во Шпанија најсмртоносниот ден од коронавирусот, ќе се вработуваат странци

Во Шпанија во петокот бројот на починатите од коронавирусот порасна за нови 769 лица, па вкупниот број на починатите се искачи на речиси 4.860 луѓе, во најсмртоносниот ден од избувнувањето на пандемијата, а министерството за здравство се подготвува идните денови да вработува странски здравствени работници.

Сепак, како што беше истакнато на редовната прес-конференција, процентот на починатите во однос на новозаразениет веќе три дена не се зголемува.

„Имаме поголем број починати отколку ден претходно, но во процент нивниот број во однос на вкупниот број заболени, е еднаков како и последните три дена. Со тоа процентот на починатите се стабилизараше“, изјави шефот на лекарската служба, Фернандо Симон, на прес-конференцијата.

Во четвртокот во Шпанија беа регистрирани 655 починати, а во средата 738 смртни исходи од коронавирусот, па Шпанија ја надмина Кина според бројот на починатите. Во Шпанија до петокот се регистринани 4.959 починати, додека во Кина има 3.292 починати. Италија предничи на оваа „црна листа“ со потврдени 9.134 смртни случаи.

Во петокот бројот на заболените во Шпанија пораснал за речиси 7.900 со што е достигната бројката од каде што во моментов од 64.059 заразени, па владата во Мадрид најави дека ќе вработува странци кои имаат дозвола и авторизација за работа во здравството. Зрак надеж носи податокот за 9.357 закрепнати лица.

„Има сѐ повеќе оздравени пациенти. Двојно повеќе од починатите“, истакна Симон.

Мадрид е најголемото жариште со 17.166 заразени, неговите улици се пусти, ретки се минувачите кои одат до продавниците со храна и аптеките, а градските автобуси минуваат празни.

Шпанија и натаму ги очекува тестовите за дијагностицирање на коронавирусот, кои ги нарачала од Кина. Со нив ќе се направи обид да се открие колку навистина има заразени меѓу популацијата. Во четвртокот беа вратени 9.000 неисправни тестови кои претходниот ден ги набавило министерството за здравство.

„Тешко е да се каже колку има навистина заразени, бидејќи некои не покажуваат симптоми или тие се мали“, рече Симон.

Шпанското министерство за здравство започна постапка со којашто следните денови би вработило околу 200 странци, лекари и медицински сестри, кои веќе живеат во Шпанија, бидејќи земјата има недостиг од здравствен персонал поради растечкиот број на пациентите. Станува збор за лица кои во моментов не работат во шпанското здравство, а по струка се здравствени работници или немаат работна дозвола.

„Очекувам да се приклучат следните денови во нашиот здравствен систем, во клучниот момент за сузбивањето на кризата настаната со ширењето на коронавирусот“, наведе министерството за здравство во петокот во соопштение.

Министерството пред една седмица најави вработувње на дополнителни 50.000 дополнителни здравствени работници, главно пензионери или студенти на последната година на медицина и од медицинските училишта.