Во Шпанија над 3.700 новозаразени, рекордна бројка од укинувањето на карантинот

Во Шпанија во последното деноноќие се потврдени 3.715 нови случаи на зараза со новиот коронавирус, објави шпанското министерство за здравство во средата, што е рекордна бројка од укинувањето на карантинот од крајот на јуни.

На главниот град Мадрид отпаѓаат дури 1.535 нови случаи, додека во покраините Баскија и Арагона забележани се околу 470 нови сличаи.

Во последните 24 часа од Covid-19 починале 14 лицам додека, ден претходно имаше 21 смртен исход. Во последните седум дена во Шпанија од коронавирусот починало 131 лице, наведува министерството за здраврство. Вкупно од почетокот на епидемијата во земјата, во што се вклучени позитивните тестови на антитела, коронавирусот е потврдена кај 387.985 лица, а од нив до денеска починале вкупно 28.797 луѓе.

И покрај задолжителното носење маски, Шпанија има најголем број новозаразени во последните 14 дена во западна Европа, и најголем број случаи на 100.000 жители. Поради тоа, регионалните власти наметнаа рестрикции за работното време за ноќните клубови и во јавниот сообраќај, кои беа укинати пред една седмица.

Здравствените власти големиот раст на новозаразените ги припишуваат на зголеменото тестирање на населението и повторуваат дека земјата не се соочува со вториот бран на пандемијата. Во регионот на главниот град Мадрид, како и во покраините Каталонија и Баскија се започнати порограми на масовни тестирања.

Министерството за здравство објави во понеделникот дека контролираат 1.019 актовни кластери на вирусот, деинирани како три или повеќе поврзани случаи од различни домаќинства. Според министерството, за тоа виновини се социјалните собири за ширење на вирусот во 43 отсто од кластерите, додека пирењето на вирусота на работното место е поврзано со 20 отсто од кластерите.