Во Шпанија нови 3.500 заразени со коронавирусот

Коронавирусот во саботата заразил дополнителни 3.500 жители во Шпанија, со што вкупниот број нарасна на околу 25.000.

Вкупно во Шпанија е потврдени 24.926 случаи на инфекција со коронавирусот, од кои починале 1.326 луѓе или 324 само во последните 24 часа. Во тешка или критична состојба се 1.612 пациенти, а од почетокот на пандемијата оздравеле 2.125 лица.

Пробивањето на оваа нова психолошка гранциа влијае врз однесувањето на населението во втората најпогодена европска земја. Улиците на главниот град Мадрид, кој обично се буди со трубење на нервозните возачи, сега се тивки и пусти.

Најголеми дневни весници El País и El Mundo преку своите насловни странции предупредуваат дека одделите за интензивна нега во болниците се пред колапс, а министерството за здравство сѐ уште не може да гарантира запштитен материјал. Здравствените работници со денови предупредуваат дека ситуацијата е неодржлива. Тие сѐ се поизложени на заразата, бидејќи во болниците пристигнуваат нови инфицирани лица.

Владата наведува дека за неколку дена треба да мине пикот на заболените, по што епидемијата би требало да се стабилизира, а потоа и да почне да опаѓа. Но никој не може да каже колкуи уште дена 47-те милиони Шпанци ќе мора да останат затворени во своите домови. Дозволено им е само одење на работа, во профавници со храна, во аптеки, болници, киосци, банки и бензински црпки, или да го прошетаат домашното миленичи. Сите други објекти се затворени веќе седум дена.