Во Шпанија „оживеаја“ жена чие срце запрело шест и пол часа

Шпански лекари реанимирале 34-годишна Британка, чиешто срце не работело шест и пол часа како резултат на хипотермија, пишува весникот Vanguardia.

Случајот со Британката Одри Маш се случил во областа на каталонските Пиринеи уште на 3-ти ноември, но лекарите од клиниката „Vall d’Hebron“ во Барселона го потврдија „исклучителниот случај“ дури во четвртокот, еден месец подоцна.

Британската брачна двојка била на излет во планините, која на почетокот од невреме жената изгубила свест. Сопругот рекол дека нема пулс, не дише и воопшто не дава знаци на живот. Во моментот кога пристигнале спасувачите, телесната температура на Маш се спуштила на 18 Целзиусови степени.

За реанимација на жената во барселонската клоника бил користен системот на екстракорпорална оксигенација на мембрана (ECMO), со чијашто помош сѐ уште можела да биде повратена срцевата активност.

На изненадување на лекарите, жената немала никакви невролошки компликации, со исклучок на губењето чувствителност на прстите, поради што морала да купи нови панталони поради проблеми со запетлувањето.

Според претставникот на клиниката Едуард Аргудо, состојбата на нејзиниот мозок станал клучен фактор за реанимација на Британката.

„Мозокот брзо се ладеше, а неговата потреба за кислород нагло падна и пред срцето да запре“, вели Аргудо.

Во написот се истакнува дека случаите на реанимација на настраданиот со вакво продолжен срцев удат се извонредно ретки, а овој бил прв забележан во Шпанија.